Tuesday, February 16, 2010

Кавадаречки Вести

Пред некој ден гледав КТВ вести и една од темите на вестите беше -Кавадаречките графити знак на вандализам и револт. Немам некоја посебна реакција за прилогот што го видов затоа што до некаде и го поддржувам тоа што господинот Мики Виденовиќ го кажа во неговата изјава. Но нормално е дека има и некои работи со не ми се свиѓат и мене. Беше кажано дека цртежите сами си ги нарекуваме уметнички дела, па и некои дела и всушност се. Го поддржувам господинот Мики во изјавата дека има многу работи по кавадаречките ѕидови кои само ја грубат културата и ја истакнуваат баш таа вандалистичка слика што и многу од нашите сограѓани ја имаат. Точно е тоа дека има тешки срања низ градов кои не можат да се наречат ни -TAG- ни -THROW UP- а камо ли пак GRAFIT има некои деца шо имаат некаков сенс за држење на спреј и со толку голем морал дека тој знае се околу оваа култура па го унаказува секој зид со неговото дело фалејќи се пред другарите колку е он добар без предходно да си стави во главата дека има и нешто повеќе од неговото гомно ставено на некој од градските ѕидови. Во постов пишувам без влакна на јазикот затоа што ставарно е срамота да се унаказуваат фасадите со некаква линија со нема везе или па со некоја глупава флека шо треба да означува бомбер или графит. Да се навратам кај господинот Виденовиќ, во неговата изјава имаше зборови упатени до цртачите да се обратат кај локалната самоуправа, беше кажано дека фасадата на спортската сала јасмин е унаказена дека гимназијата е исто така унаказена и уште нешто но да не набројувам. Почнувајќи од локалната самоуправа мојот став би бил тоа дека всушност нема сто да се бара во локалната самоуправа. Еве зашто, треба да отидам во локалната самоуправа да пријавам дека ке правам бесплатан улична уметност на некој од градските ѕидови со мои спрејови купени од мои пари извадени од мојот џеб. Да пријавам стварање на култура која во светот е толку распространета и секојдневна што големите светски компании ја користат за своите комерцијални кампањи. Тоа шо у виа град се касне шо да праам, и плус има многу големо неприфаќање на новитети во Кавадарци шо е страшно фрапантно. Друго во изјавата беше дека спортската сала Јасмин го сменила својот надворешен опис. Со мал цинизам можам да кажам дека на некој му здосадил изгледот шо беше па решил малку да декорира од надвор затоа што внатре и не му е у план наредните 20 години па коа ке запусте скроз салата ке бараат пари за целосно реновирање а пари ќе нема. Не можам јас да сопрам нешто со не возможно да се сопре, а плус на деца не може да му се каже што е добро а што лошо дали има закон или нема, тоа нив не ги интересира. За Кавадаречката гимназија Добри Даскалов толку е смешно тоа што они се бунат за нешто напротив треба да го поддржуват, затоа што професорот по ликовно воспитување проба да направи нешто во тој стил но не му успеа па испаднаа толку гадни ствари со немам ни зборови за нив. Да земеме пример од другите гимназии по Скопје и поголемите градови, графитите ги има на секој ѕид и подсвесно ствараат некаква естетика на секој ученик за простор и боја. Тоа го тврдам затоа што и јас се восхитувам на цртачите кои што се потрудиле на ѕидот да му дадат нешто сто тој всушност и го побарал Уметност. На кавадаречката гимназија треба да и биде чест што на тие ѕидови се случуваат такви ликовни битки. Да ги подржува па дури и ако е во можност да финансира такви натпревари еднаш годишно што би било предизвик за децата да учат ликовни вредности. Можеби со текстов ке придонесам некои работи да се сменат но можеби и ке се влошат. Ја ке си кажам само едно Графити движењето нема никоаш да замре никаде у светот а UNC се уште ке биде примерот и реперот за добар графит во Кавадарци но и за урбана култура воопшто.

Да го направиме Кавадарци град на добра Урбана Култура

Респект ТацИзаМ

Wednesday, February 3, 2010

Срам


По период од неколку месеци синоќа се качив пак на Спомен Костурницата на град Кавадарци во Градскиот Парк. Пешачењето до таму беше прекрасно осветлено атмосверата беше многу пријатна и во никој случај не представуваше дувло на наркомани и било какви силуети што би го искористиле мракот за нешто што не спротивно од нормален човек. Ха ха камо сето ова напишано да беше вистина. Впечатокот на моето качување беше тотално разочарување и не почитување на еден од за мене прекрасните места кои се многу малку во нашата држава, а единствено во својата убавина позитива и нешто кое на луѓето кои си заминале од градов му недостига. Разочаран пред се за искршените ламби кои го осветлуваа патот до самата Костурница, но кога стигнав до објектот до кој бев упатен целосно се фрапирав. Си признавам дека и јас направив глупост пред неколку години без да размислувам но сепак местото беше полесно за покривање на гнасотијата т.е. плукањето врз борците кои го изгубиле својот живот за градов. Покасно сватив што сум направил но веќе беше касно, но синоќа се пцуев самиот себеси за нешто јас не сум го направил. Но ај да не трескам више да преминам на главното. На младиот господин што го истакнал името на своето Crew со многу мали и не иритирачки букви на бетонот, кој беше само сив и не означуваше ништо поише од мирно место за цртање на неколку линии кои ке ја разбијат монотонијата, треба да му се додели диплома за најголем кретен у светот. Ја си ја доделив мојата сам но оваа диплома треба да биде доделена од страна на сите граѓани на градов.  Ова е досега најголемото посрамување.

No respecat for this one.

TацИзаМ