Wednesday, February 3, 2010

Срам


По период од неколку месеци синоќа се качив пак на Спомен Костурницата на град Кавадарци во Градскиот Парк. Пешачењето до таму беше прекрасно осветлено атмосверата беше многу пријатна и во никој случај не представуваше дувло на наркомани и било какви силуети што би го искористиле мракот за нешто што не спротивно од нормален човек. Ха ха камо сето ова напишано да беше вистина. Впечатокот на моето качување беше тотално разочарување и не почитување на еден од за мене прекрасните места кои се многу малку во нашата држава, а единствено во својата убавина позитива и нешто кое на луѓето кои си заминале од градов му недостига. Разочаран пред се за искршените ламби кои го осветлуваа патот до самата Костурница, но кога стигнав до објектот до кој бев упатен целосно се фрапирав. Си признавам дека и јас направив глупост пред неколку години без да размислувам но сепак местото беше полесно за покривање на гнасотијата т.е. плукањето врз борците кои го изгубиле својот живот за градов. Покасно сватив што сум направил но веќе беше касно, но синоќа се пцуев самиот себеси за нешто јас не сум го направил. Но ај да не трескам више да преминам на главното. На младиот господин што го истакнал името на своето Crew со многу мали и не иритирачки букви на бетонот, кој беше само сив и не означуваше ништо поише од мирно место за цртање на неколку линии кои ке ја разбијат монотонијата, треба да му се додели диплома за најголем кретен у светот. Ја си ја доделив мојата сам но оваа диплома треба да биде доделена од страна на сите граѓани на градов.  Ова е досега најголемото посрамување.

No respecat for this one.

TацИзаМ

0 comments: