Monday, December 14, 2009

Серка и пензија

Додека го пишувам текстов навистина ми се сере, но немам тоалетна оти ме мрзе да си купам и така да ке се стискам уше 20 минути дури го допишам. Муабетов шо е? Муабетов е безвезе пошо и периодов е таков. Во последно време се размислувам за неколку добри парчиња низ градов но незнам дали да почнам да ги праам. Се мислам дали воопшто да продолжам со цртање на градските ѕидови. Не ми се црта со лити спрејови више. А во градов убав се е мед и млеко се додека не се дојде до муабетот МАТЕРИЈАЛИ тука ги нема. Ги има у Скопје. А за да одиш у Скопје по спрејови е трошок огромен. А за човек шо е шворц скопје е   Nеw York иако е оддалечено 100 километри. И на ликовно ниво, со материјали за сликање градов е потполно во минус. Па и на музичко ниво е лит затоа шо нема некој шо прае музика ни па има програми или пари за гаражи за пробни свирки, па макар за студио шо е екстремно скапо за да снима. Периодов е лит и со тоа шо креативно су исто така млитав. Гледам како се појавуат нови бомбери низ градот шо ме праве весел а ја дремам и неам ништо направено одамна. Кажуам по луѓето дека UNC спремат експериментален албум а има направено само 3 или 5 траки. Пак ке се навратам на тоа шо е муабетов, ја мислам дека треба да се свестат сите креативни луѓе во градов и да кажат дека може и од овоа мало градче тука да испадне нешто креативно вредно и за почит. Треба да се разговара на тема градов, и како пак да се обнови респектот, креативноста, забавата и насмевката кај луѓето. Знам дека за тоа се потребни финансии, преголем напор и долг временски период. Но сепак добро е да се почне да се прави нешто отколку само да се гледа околината како културно и морално паѓа. За да направам еден добар графит ми требаат 1 000 денари, не ги барам од никој но му давам дел од мојата уметност на секој од градов. Кога би имал пари и коа ке го направам првиот албум на UNC би го давал по луѓе онака само за да слушнат шо имам да кажам. Би правел изложби секој месец да има каде и со кого. Би скокал по сите дискотеки од радост доколку има салам журка затоа што заборавив како изгледа тоа во градов. Ова е само мое мислење. Никој не мора да се сложи.



Creative people UNITE  !!!!!!!!!
    

Респект     ТацИзаМ

0 comments: