Friday, December 4, 2009

Вандализам

Пред неколку часа прочитав дека сум само обичен локален вандал а не Уметник. Добро можеби сум уличар но не вандал, туку само разубавувач на некои од ѕидовите на нашиов град. Но мислам дека уличниот Вандал во градов донесе нова култура и излезе јавно со нови широко отворени граници во творештвото. Што е целта на блогов? Целта е да се презентират улични слики кои се даваат поклон на секој граѓанин на градов без тие да платат денар а можат сликата да ја гледаат секојдневно. Додека одат на работа или тргнале да се прошетаат. Точно е дека многу ѕидови се исцртани од деца кои што сакаат само да бидат дел од тој подем. Нема да ги критикувам знам дека не се сите за спреј но ако некој мисли дека може да црта или сака да научи зашто да се спречи и да се критикува. Ова не важи само за цртанјето на графити туку за се што воопшто има врска со креативноста со иновативноста и со слободниот дух на една индивидуа. А ако не сум уметник тогаш да ја скинам дипломата и да го фрлам во вода моето 9 годишно школување Уметност. И да јас не сум скржав да го кријам моето знаење, задоволство ми е коа гледам ново парче на некој зид и нови деца шо сакат да се докажат првин самите на себе и на другарите, а после на луѓето што всушност ја разбираат или се дел од оваа култура.


Да живее Уметноста!

Почит       ТацИзаМ

0 comments: