Monday, December 14, 2009

Серка и пензија

Додека го пишувам текстов навистина ми се сере, но немам тоалетна оти ме мрзе да си купам и така да ке се стискам уше 20 минути дури го допишам. Муабетов шо е? Муабетов е безвезе пошо и периодов е таков. Во последно време се размислувам за неколку добри парчиња низ градов но незнам дали да почнам да ги праам. Се мислам дали воопшто да продолжам со цртање на градските ѕидови. Не ми се црта со лити спрејови више. А во градов убав се е мед и млеко се додека не се дојде до муабетот МАТЕРИЈАЛИ тука ги нема. Ги има у Скопје. А за да одиш у Скопје по спрејови е трошок огромен. А за човек шо е шворц скопје е   Nеw York иако е оддалечено 100 километри. И на ликовно ниво, со материјали за сликање градов е потполно во минус. Па и на музичко ниво е лит затоа шо нема некој шо прае музика ни па има програми или пари за гаражи за пробни свирки, па макар за студио шо е екстремно скапо за да снима. Периодов е лит и со тоа шо креативно су исто така млитав. Гледам како се појавуат нови бомбери низ градот шо ме праве весел а ја дремам и неам ништо направено одамна. Кажуам по луѓето дека UNC спремат експериментален албум а има направено само 3 или 5 траки. Пак ке се навратам на тоа шо е муабетов, ја мислам дека треба да се свестат сите креативни луѓе во градов и да кажат дека може и од овоа мало градче тука да испадне нешто креативно вредно и за почит. Треба да се разговара на тема градов, и како пак да се обнови респектот, креативноста, забавата и насмевката кај луѓето. Знам дека за тоа се потребни финансии, преголем напор и долг временски период. Но сепак добро е да се почне да се прави нешто отколку само да се гледа околината како културно и морално паѓа. За да направам еден добар графит ми требаат 1 000 денари, не ги барам од никој но му давам дел од мојата уметност на секој од градов. Кога би имал пари и коа ке го направам првиот албум на UNC би го давал по луѓе онака само за да слушнат шо имам да кажам. Би правел изложби секој месец да има каде и со кого. Би скокал по сите дискотеки од радост доколку има салам журка затоа што заборавив како изгледа тоа во градов. Ова е само мое мислење. Никој не мора да се сложи.



Creative people UNITE  !!!!!!!!!
    

Респект     ТацИзаМ

Sunday, December 6, 2009

od grafiti jam
































































Friday, December 4, 2009

Вандализам

Пред неколку часа прочитав дека сум само обичен локален вандал а не Уметник. Добро можеби сум уличар но не вандал, туку само разубавувач на некои од ѕидовите на нашиов град. Но мислам дека уличниот Вандал во градов донесе нова култура и излезе јавно со нови широко отворени граници во творештвото. Што е целта на блогов? Целта е да се презентират улични слики кои се даваат поклон на секој граѓанин на градов без тие да платат денар а можат сликата да ја гледаат секојдневно. Додека одат на работа или тргнале да се прошетаат. Точно е дека многу ѕидови се исцртани од деца кои што сакаат само да бидат дел од тој подем. Нема да ги критикувам знам дека не се сите за спреј но ако некој мисли дека може да црта или сака да научи зашто да се спречи и да се критикува. Ова не важи само за цртанјето на графити туку за се што воопшто има врска со креативноста со иновативноста и со слободниот дух на една индивидуа. А ако не сум уметник тогаш да ја скинам дипломата и да го фрлам во вода моето 9 годишно школување Уметност. И да јас не сум скржав да го кријам моето знаење, задоволство ми е коа гледам ново парче на некој зид и нови деца шо сакат да се докажат првин самите на себе и на другарите, а после на луѓето што всушност ја разбираат или се дел од оваа култура.


Да живее Уметноста!

Почит       ТацИзаМ

Friday, November 6, 2009

Некаков почеток

На некој начин почеток за нешто што би требало да означи нова култура и во Кавадарци која полека и тихо се појави во 2007.  Не велам дека сум прв што цртал графити во градов но слободно можам да кажам дека на некој начин поттикнав и други да видат и да пробаат нешто што во светот е секојдневие. Многу ми е мило што еве на некој начин на  07. 11. 2009  ке случи еден мини (Grafitti Jam) и од страна на кавадарчани ке има 5 цртачи а ги има поише. Ке учествуваат и цртачи и надвор од градот што ми е мене посебно задоволство. Се надевам дека сите домшни цртачи ке стекнеме некое искуство плус за да се изразуваме со уште подобри парчинја низ градов.
Почит за Игман маало момците со први направија мурали со четки.

Респект Тацизам

Wednesday, November 4, 2009

razno









 


 
 

street ball - triagolnik








unc bombing nadvor od gradot




k7walls Unc vs. Svc