Friday, March 19, 2010

Без наслов но со повод

Додека го пишував текстов што го читате на хартија седев на шолја извршувајќи физиолошка потреба која за овој пост е многу битна, затоа што во овој пост ќе читате за кретените во директорските фотелји кои изминативе неколку недели се однесуваа пристојно со целосно разбирање и поддршка за еден прекрасен проект. Во изминативе неколку недели горе наведените докажаа дека дефинитивно се само фекалии, да не речам измет или народски кажано ГОМНА. Многу е тешко да отидеш во некоја фирма и да побараш пари од неа притоа однапред да се заблагодариш за грубото однесување, и додека го презентираш проектот со зборовите дека нивната мала сума на пари ке биде употребена и ќе придонесе за подобра култура и однесување се наоѓаш надвор од канцеларијата или воопшто не си примен. Некаде ќе бидеш културно избркан како што би се изразил директорот на кавадаречкиот Дом на " Култура " кој што со неговото културно однесување е се уште на работа. Најискрено да си кажам и не ме ни чуди тоа, затоа што знаеме сите добро како одат некои работи мислам дека се подразбира од горе наведеното. Во овој пост решив да пишувам малку за Урбанизам Совест и Култура. Некој на ова би рекол " Ти ли ке продаваш култура бе цел град го унакази со твојата култура " и нај искрено можеби е во право, немаме сите ист вкус а и плус тоа не е интересно ако таквите ги нема. Мал проблем е што тие размислувања преовладуваат дали поради тоа што немаме доволно културни луѓе или истите не сакаат да бидат културни. Се прашувам зошто кога некои од нив одат во странство се културни, не плукаат, не фрлаат пикавци или со еден збор кога се поминува границата веднаш се станува културен. Да направиме некако да се смениме тогаш, ние да одиме во некоја чиста држава а тие да дојдат тука. Нашиот менталитет каде и да е му нема фајде. А зошто такви идиоти и всушност постојат, се прават културни некаде у курац а дома се однесуваат како кретени. Дали зборот култура ја има важноста само надвор од државава или не се знае правилната смисла на овој збор. Како наједноставен пример за култура би го посочил проблемот на пушачите кои одеднаш се чувствуваат дискриминирани затоа што им забраниле да пушат цигари по локалите. Претерано И крајно некултурно и кретенско однесување од нивна страна. Зошто? Дали некој од нив се има запрашано дека има некој што му смета една или 500 цигари запалени во една иста просторија, или  дека на некој му пречи чад да му се лепи по храната во ресторанот во кој седи. Со овој муабет стигнуваме до фазата свесност или совест која што кај нас е премалку застапена. Или народски кажано има селанија со лопата да ги риниш. Клошарана еден тон, само викат дека немат работа и пцујат по државата а всушност не знаат ништо побеќе од тоа. Абе имам 22 години сум се сокинал од работа и динар не сум добил за 90% од сработеното и пак не се жалам напротив работам уште повеќе и порадикално. Точно е дека во системот има грешки но со несвесно и несовремено т.е. неурбанизирано однесување системот нема никогаш ни да се поправи. Тука го поддржувам мојот пријател Боби со неговата реченица " Остави ти што направила државата за тебе, што си направил ти за државата " за која што може да се разговара навистина многу но тоа сега малку на страна, со еден мал пример на еден гигант кој треба да се засрами со своето банално алчно однесување и систем. Градење објеткт е урбанизација но таа урбанизација според мене треба да делува како природата иако е спротивна на неа, на начин што урбаното општество ке придонесе за зачувување на природата а таа ке возврати со ресурси. Но овој принцип никој не го запазува за жал има една ситуација со која се сретнуваме секојдневно а тоа е Бетонска Џунгла (Concrete jungle) како што пее Bob Marley. Бетонска џунгла е вистинскиот израз за ова несовесно кон природата. И тука би го ставил цртањето на графити како дисциплина која ја крши монотонијата на оваа бетонска џунгла затоа што на некои луѓе не му се допаѓа сивилото од градот. И повторно се навраќаме на реченицата на мојот пријател Боби но со малку изменет смисол, овојпат би било што би направил ти за планетава. Дојдов до некаков смешен заклучок дека животните си имаат синџир на исхрана а ние синџир на деструкција. Доаќаме и си одиме на планетава а се што правиме е деструкција, можеби и тоа е целта на човештвото?
   Овој пост е само мала документација на едно мое разочарување од изминативе неколку недели токму од човечкиот род.  Од кретени што седат во фотелја главни а немаат ни грам совест, разум а камо ли култура. Алчноста најлошата особина на секој човек таа го доведува до степен на лудило. И јас имам идеи за кои ми се потребни пари за да ги остварам никогаш не би истурал хемикалии, сечел прашуми и така натаму за да допрам до кеш. Со овој пост најавувам еден прекрасен настан што треба да се случи на 22 Март но во момент додека ова го пишував добив теефонски повик на кој не можам да му поверувам. Денот на пролетта е направен како секој нормален ден. Децата ке одат на училиште наместо да бидат еколошки настроени барем еден ден во годината, тие ке седат во училишните клупи а мојот голем проект ке пропадне во вода. Кавадарци е дефенитивно град на изненадувања. Покрај сето ова што стварно ме остави без зборови и никаква реакција ви најавувам огромен графит кој се надевам дека ке го цртам легално на мој трошок и ваша поддршка кој ке биде поврзан со градот и се надевам дека еден ден ке се свесте воа народот наш.

Денеска сватив дека од ништо не треба да бидиш изненаден.
Почит и поздрав до сите што го читаат блогов

ТаЦиЗаМ

0 comments: